Злато и сребро за македонските тинејџери на Олимпијадата за роботика
Македонските тимови на Олимпијадата за роботика – Minoan Robotsports Competition Global Olympiad, која се одржа на Крит од 3 до 6 април, постигнаа извонредни резултати, освојувајќи прво и второ место во најтешката дисциплина. Во оваа категорија, роботите што ги дизајнирале, изградиле и програмирале учесниците целосно автономно извршуваат сложени задачи со висока прецизност и сигурност.Тимот Space Walkers(13-18 години) – Павел Попоски, Анастасија Дудеска и Јаков Петков – освои злато. Матеа Андоно...