Сиљановска-Давкова и Милатовиќ одржаа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“: Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите.Во своите излагања, обајцата укажаа на детерминираноста на членството, не само од успехот на внатрешната трансформација (европеизација), туку и од политичката волја на европскиот совет, којшто одлучува со консензус.Милатовиќ го концептуализираше процесо...