Орбан му порача на Туск: „Не мислете на Путин – укинете ги санкциите за руските енергенси“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја и повика на итно укинување на санкциите што се однесуваат на руските енергенси. Во објава на социјалната мрежа Икс, тој оцени дека енергетската криза во светски рамки се продлабочува и дека Европа, според неговите зборови, е „во голема опасност“.Орбан порача дека излезот од кризата, според него, е директно поврзан со промена на санкциската политика кон руската енергија. Во и...