Сведоштво: „беше тешка битка“ – како болниците реагираа по трагедијата во кочани
Трагичниот пожар во Кочани, кој се случи пред една година, покажа дека македонскиот здравствен систем може да функционира ефикасно кога институциите и медицинските тимови работат координирано и со заедничка цел. Ова го истакна директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски, на панелот посветен на националниот и меѓународниот здравствен одговор и акутниот третман на изгореници. Панелот се одржа во рамки на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по...