Градоначалникот на Прилеп повика на поширока дебата за бездомните кучиња
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на поширока јавна дебата за справување со проблемот со кучињата скитници, откако на денешната седница на Советот на Општина Прилеп се дискутираше за предлогот за утврдување надоместок на штета од каснување од бездомни кучиња и упатството за начинот и правилата за негово утврдување и исплата. Проданоски истакна дека предложениот правилник и упатство можеби претставуваат само почетен чекор, но дека од некаде мора да се започне за да се види дали...