Меџити: Започнуваме најголемата инфраструктурна обнова на Старата скопска чаршија
По повеќе од половина век, денеска започна проект кој, како што беше истакнато, ѝ дава нов правец на развој на Старата скопска чаршија. Станува збор за длабока инфраструктурна интервенција на површина од 1.567 квадратни метри, со која се предвидува целосно модернизирање на подземната и надземната инфраструктура. Проектот опфаќа решавање на долгогодишните проблеми со водоводната и канализациската мрежа, изградба на нова електрична мрежа, како и поставување на оптичка инфраструктура. Воедно, се пр...