Трамп ја стега Европа меѓу Иран и Украина: закана со прекин на оружјето ако НАТО не помогне во Ормускиот теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп им поставил на европските сојузници остар услов поврзан со Украина и со безбедноста на Блискиот Исток: доколку европските држави не се приклучат на напорите за обезбедување пловност низ Ормускиот теснец, Вашингтон ќе разгледа запирање на испораките на оружје за Украина, тврдат извори запознаени со разговорите.Според истите наводи, Иран практично го затворил теснецот откако САД и Израел кон крајот на февруари ја нападнале земјата, со што била нарушена една о...