Русија 20 часа го бомбардираше Днипро: најмалку 10 загинати, десетици повредени
Руските сили повеќе од 20 часа во бранови го напаѓаа украинскиот град Днипро со ракети и дронови, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици се повредени, во еден од најинтензивните напади во последниот период од војната.Според локалните власти, градот бил погоден со најмалку три одделни напади во текот на ноќта и денот. Во првиот ноќен удар бил погоден станбен објект, при што се урнал голем дел од зградата и биле пронајдени четири тела. Нападите продолжиле и во текот на денот, кога, додека тр...