Над 60 хуманитарни пакети поделени од „Елеуса“ – пред Велигден ќе бидат опфатени над 200 семејства
Фондацијата „Елеуса“ од Струмица, во пресрет на Велигденските празници, дистрибуираше околу 60 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од Василевското и Дојранското намесништво. Активноста е дел од кампањата „Сподели дел од твојата трпеза – нахрани гладен“, преку која секојдневно пристигнуваат донации од граѓани и компании. Волонтерите на фондацијата континуирано работат на селекција и подредување на донираната храна, со цел таа навремено да стигне до најранливите категории. Од Фонда...