На денешен ден е роден бардот на македонското глумиште Ристо Шишков
На денешен ден 23 март 1940 година во селото Мрсна, Серско, Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство, роден е Ристо Шишков. Татко му Васил и најстариот вујко лежеле четири години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата – бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува. Првите негови глумечки искуства ги започнал 1957 година, глумејќи во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица. Таму ги одиграл уло...