Филипче ги крена тензиите – дали ова е само почеток?
Македонската медиумска сцена повторно е во фокусот на јавноста по изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој влезе во остар вербален судир со дел од медиумите, меѓу кои и телевизија „Алфа“. На прес-конференција, Филипче одговори на новинарско прашање поврзано со неговите критики кон одредени медиуми, посочувајќи дека нивната уредувачка политика и сопственичка структура се поврзани со политички и бизнис интереси надвор од земјата. Притоа, тој директно се обрати кон новинар од „Алфа“, с...