Македонија и Турција договараат дигитализација на културното наследство и развој на креативните индустрии
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој престојува во дводневна работна посета на Република Турција, вчера во Анкара оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.На средбата, на која присуствуваа и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски, двајцата министри ги потврдија традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особен...