Голем ресет во ДУИ – кој ја презема контролата?
Потпретседателот на Демократска унија за интеграција, Аријанит Хоџа, оценува дека партијата претрпела суштинска реформа по последниот конгрес, нагласувајќи дека дури 80 проценти од раководната структура е обновена. Во интервју за емисијата „360 степени“ на Македонска радио телевизија, Хоџа истакна дека ваквиот степен на промени е редок пример во политиката, особено за партија со повеќедецениско постоење. Според него, политичките процеси се динамични и често непредвидливи, а промените во сојузниш...