Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава
Здружението на Украинците во Република Македонија „Лесја Украинка“ информира дека девојката со мало дете, која се претставува како украинска државјанка и бара милостина во центарот на Скопје, ги одбила сите понудени форми на помош.Од здружението соопштија дека по добиените информации за нејзиното присуство пред маркетите од синџирите КАМ и Тинекс, нивни претставници стапиле во директен контакт со неа и ѝ понудиле сеопфатна поддршка.Во разговорот, како што наведуваат, ѝ биле објаснети можностите...