ФЗО откри лажни боледувања во МВР: изречени казни од 1,2 милиони денари
Полициски службеник четири пати за година и половина менувал матичен лекар за да му издава боледување.Контролата на Фондот за здравство, по барање на Министерството за внатрешни работи, откри дека во втората половина на 2023 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле вкупно 514 боледувања, од кои 83 траеле повеќе од 30 дена. Резултатите покажуваат дека едно од пет боледувања во МВР било неправилно издадено.За време на контролата биле опфатени 105 приватни здравс...