Без струја дел од Волково
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, денес дел од жителите на населбата Волково ќе останат без напојување со електрична енергија.Прекинот е најавен за корисниците на улицата „95“ во Волково.Според планот на надлежните, електрична енергија ќе нема во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Интервенциите се вршат со цел подобрување на квалитетот на мрежата во овој дел од општината.