Иван Кукиќ и „Yu For You“ со нова верзија на „Самовилска свадба“
Иван Кукиќ заедно со својот бенд „Yu For You“ ја преработи легендарната песна „Самовилска свадба“, дело на композиторот Григор Копров, со текст на Јордан Данаиловски, во оригинална изведба на Сашо Гигов – Гиш, која беше дел од македонскиот избор за „Песна на Евровизија“ во 1998 година. Новиот, модерен аранжман на песната го потпишуваат Иван Кукиќ и Зоран Трендов, задржувајќи ја препознатливата мелодија, но со освежен звук прилагоден на денешната публика. Како што вели Иван, идејата за новата вер...