Промоција на „Театарски приказни“ од струмичанецот Митко Бојаџиски во Скопје
Во книжарницата „Литература.мк“ во Diamond Mall во Скопје, на 27 март (петок) со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана книгата „Театарски приказни“ од струмичкиот драмски писател Митко Бојаџиски. Станува збор за дело кое содржи 67 автентични приказни раскажани од 30 познати македонски актери, создадени низ повеќегодишни средби, дружења и контакти во период подолг од една деценија. Во книгата се поместени анегдоти и сеќавања од театарскиот живот кои, според авторот, заслужувале да бидат запи...