СДСМ алармира за колапс на производството на ран компир во струмичко
СДСМ денеска во селото Банско, општина Струмица, преку прес-конференција на Симона Цветановски, член на Извршниот одбор на СДСМ, алармираа за, како што посочија, сериозна криза во производството и пласманот на раниот компир во струмичкиот регион. Цветановски истакна дека домашното земјоделско производство се соочува со „целосен колапс“, додавајќи дека земјоделците се оставени без организиран откуп и без институционална поддршка во екот на сезоната. „Уште пред да започне масовното вадење на ранио...