САД алармира поради ризици од вештачка интелигенција: итен состанок со банките
Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, свикал состанок во Вашингтон со раководствата на најголемите американски банки поради зголемените кибернетски ризици поврзани со најновиот модел на вештачка интелигенција на компанијата Anthropic.На состанокот, според медиумските извештаи, присуствувал и гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, а меѓу присутните биле и раководители на некои од најголемите системски важни банки во САД, вклучувајќи ги „Goldman Sachs“, „Bank of Ameri...