Зајкова: Знаеме дека ќе кажат дека законот за електронска нараквица не е применлив, но истиот веќе се спроведува во БиХ
„Вчера по вторпат, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на жените. Без збор. Без аргумент. Без срам. Повторно го одбија предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците, мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи вистинска заштита“, изјави денеска претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова.Зајкова вели дека ова не е само политичка одлука туку дире...