Ќе се испитува мостот на Вардар кај Здуње – можни кратки прекини на сообраќајот на патот Гостивар–Кичево
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).Оттаму известуваат дека денеска, 13 март, во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе се врши испитување на мостот на реката Вардар кај селото Здуње, на државниот пат А2 Гостивар – Кичево. Во тој период сообраќајот ќе се одвива според воспоставен времен режим, со можни кратки прекини.Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен...