ВЛЕН: ДУИ не го поддржа унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“
Коалицијата ВЛЕН обвини дека пратениците на ДУИ не ги поддржале измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кои денеска беа усвоени во Собранието. Според ВЛЕН, со усвоените измени се официјализираат Правниот факултет, Економскиот факултет и Факултетот за хумани науки, се овозможува издавање дипломи и додатоци на дипломи на албански, македонски и англиски јазик, како и усогласување на функционирањето на универзитетот со важечката законска регулатива. Од ВЛЕН оц...