Русија предупредува на „можен директен судир“ со НАТО поради активностите во близина на Колскиот Полуостров
Рускиот амбасадор во Норвешка, Николај Корчунов, изјави дека зголемените активности на НАТО во близина на стратешки руски објекти на Колскиот Полуостров претставуваат ризик од директна воена конфронтација.Во интервју за руската агенција ТАСС, дипломатот оцени дека приближувањето на воената инфраструктура и распоредувањето офанзивни системи на земјите членки на Алијансата кон руските граници ја засилува, како што рече, заканата по националната безбедност на Русија.Корчунов нагласи дека „конфронта...