„ДПМНЕ го презеде бизнисот со историскиот криминал на Бехтел и Енка – нивни функционер стана дел од фирмата за надзор“, велат од Левица
Левица денеска преку соопштение обвини дека кадар на ВМРО-ДПМНЕ станал дел од фирмата за надзор над проектот на Бехтел и Енка, кој претходно актуелната власт го нарекуваше „историски криминал“.Според партијата, истражување на 360 степени покажало дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“, денес преименувана во „Аксион“, влегол Бојан Савески, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром и претседател на месен комитет на партијата.Од Левица тврдат дека станува збор...