Апелација ја замени затворската казна за убиството на кучето Феликс со парична казна
Апелацискиот суд Скопје ја преиначил затворската казна за Љубе Крстевски, осуден за убиството на кучето Феликс, во парична казна од 1.800 евра.Според пресудата донесена на 17 февруари годинава, Крстевски, наместо три месеци затвор, ќе треба да плати 90 дневни глоби од по 20 евра, односно вкупно 110.700 денари.Првично, Основниот кривичен суд Скопје, преку судијката Лидија Петровска, му изрече затворска казна, што беше прва ваква пресуда во Македонија за кривично дело поврзано со убивање и мачење...