Во Италија уапсени водачи на криминална група која дејствувала и во Хрватска
Во истрагата со кодно име „Небула“, што минатата година ја покренаа венецијанската и загрепската канцеларија на Европското јавно обвинителство (ЕППО), во Италија се уапсени челници на криминална група осомничена дека преку трговија со електронска опрема и хигиенски производи избегнала плаќање ДДВ во вредност поголема од 78 милиони евра.ЕППО соопшти дека се приведени осомничените водачи на криминалната организација и нивни блиски соработници, кои требало да бидат испрашани од судија пред издавање...