„Стоилковиќ отворено работи за кинеска и руска агенда – директен удар врз стратешките интереси на Македонија“, вели Кузеска
Портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција обвини дека вицепремиерот Иван Стоилковиќ води политика што, според неа, е во служба на кинески и руски интереси и претставува директен удар врз стратешките интереси на државата.Кузеска истакна дека Стоилковиќ, кого го нарече еден од најблиските соработници на премиерот Христијан Мицкоски, јавно повикува на стратешка соработка со Кина, што според СДСМ е спротивно на евроатлантските определби на Ма...