„Твој избор – твоја иднина“: Битола со настан за идните средношколци
Општина Битола и Културниот и информативен центар (КИЦ) утре, 28 мај 2026 година (четврток), организираат отворен ден за идните средношколци под мотото „Твој избор – твоја иднина“. Настанот ќе се одржи од 11:00 до 13:00 часот на платото пред Офицерскиот дом, каде што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со образовните програми, проектите и активностите на средните училишта во Битола. Во рамки на настанот ќе бидат поставени штандови на средните училишта, младинските организации и организ...