(Видео) Пукање на забава покрај езеро во Оклахома: најмалку 12 ранети
Најмалку 12 лица се ранети во градот Едмонд, во американската сојузна држава Оклахома, откако на забава покрај езерото Аркадија избувнало пукање. Инцидентот се случил околу 21 часот во неделата, на собир на млади луѓе во близина на езерото, соопшти полицијата.Портпаролката на полицијата во Едмонд, Емили Ворд, изјави дека засега нема приведени лица и дека истрагата е во тек. Таа нагласи дека властите интензивно работат на идентификација на напаѓачите и дека се разговара со жртви и сведоци од поши...