АМЛ системот, кочница на македонскиот економски развој
Современиот АМЛ модел во голем дел е управуван од автоматизирани системи за мониторинг, алгоритамски ризични проценки, регулаторни обврски и страв од санкции од надзорните институции. Во такви услови, голем дел од банкарскиот сектор постепено преминува од вистинска финансиска анализа кон таканаречена „дефанзивна усогласеност“ (Defensive Compliance). Тоа значи дека приоритетот е избегнување на регулаторен ризик и формална процедурална заштита на банката, наместо суштинско откривање реален финанси...