Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни
Палминото масло не е директно канцерогено само по себе, а јавноста треба да биде подобро информирана за вистинските ризици поврзани со неговата употреба, смета д-р Ненад Лазаров.Тој посочува дека палминото масло содржи значително повеќе заситени масти од многу други растителни масла, поради што може да биде понеповолно за здравјето, особено кога се користи за пржење. Сепак, според него, многу поголем проблем претставува начинот на кој се декларираат одредени производи.„Измамата е проблем. Не мож...