По долго молчење, откри кога повторно би влегол во игра
Поранешниот претседател Стево Пендаровски најави дека би размислил за враќање во активната политика само доколку се создаде сериозна и широка опозициска коалиција која ќе има реални шанси да ја порази актуелната власт. Во интервју за „360 степени“ на МРТ, Пендаровски оцени дека главната причина поради која владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има предност во анкетите не е доброто владеење, туку слабата и неконсолидирана опозиција. „Нема друг начин опозицијата да ја добие власта ако не се обедини....