Прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ поради дефект на водоводната мрежа
Поради дефект на водоводната мрежа, денеска (вторник, 2 јуни) ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Струмица, информираа од ЈПКД „Комуналец“. Без вода ќе останат корисниците од куќен број 7 до куќен број 10 во периодот од 08:30 до 13:00 часот. Од претпријатието информираат дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата. Од ЈПКД „Комуналец“ им се забл...