Над 300 случаи на ебола во Конго, досега починале 48 лица
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, а бројот на потврдени случаи надмина 300, додека од последиците на болеста досега починале 48 лица, соопшти Министерството за здравство на земјата.Според официјалните податоци, заразата е регистрирана во 23 здравствени зони во покраините Итури, Северен Киву и Јужен Киву.Најсериозна е состојбата во покраината Итури, каде што се потврдени повеќе од 260 случаи на заболени. Регионот со години се соочува со безбедносни предизв...