Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди Неапол
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на Неапол во Италија.Потресот бил регистриран во 5.51 часот, а силно бил почувствуван во Неапол и околните градови, пренесува агенцијата Анса.Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на длабочина од три километри, на околу 15 километри југозападно од Неапол.Засега нема пријави за материјална штета или повредени лица.