Вучиќ најави посета на Кина: Договори за инвестиции и развој на роботика
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека наскоро ќе ја оствари, како што ја опиша, најзначајната посета во својата политичка кариера – патување во Кина.Тој посочи дека пред оваа посета ќе престојува и во Азербејџан, но дека токму посетата на Кина ќе биде од исклучително значење, со оглед на очекувањата за конкретни договори и економски придобивки за земјата.Според Вучиќ, во подготовките ќе бидат вклучени повеќе членови на владата, а дел од делегациите веќе престојуваат во Кина. Тој...