Тоневски: Почна асфалтирањето на патот кон село Кундино
Започна асфалтирањето на патниот правец до село Кундино, каде денес се поставува првиот – порамнителен асфалтен слој, како дел од проектот за целосна реконструкција на патната инфраструктура. Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски информира дека проектот опфаќа реконструкција на пат во должина од 1.427 метри и ширина од 3,5 метри, со изградба на пропусти и одводни канали, проширување на мостот и поставување на два нови асфалтни слоја. По завршувањето на првиот слој, во наредните денови ќе с...