Влегол додека спиела и ја убил со десетина убоди со нож - ужасни детали за трагедијата во Битола
Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 33-годишен маж осомничен за убиство при вршење семејно насилство, откако утрово со нож ја убил својата поранешна вонбрачна партнерка.Според обвинителството, станува збор за кривично дело квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.„Осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца“, соопшти обвинителството.Оттаму наведуваат дека осомничениот...