Пратеникот Љупчо Николовски бил на распит во полиција по барање на обвинител, го распрашувале за економски криминал
Обвинителството води предмет против пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, кој е поранешен министер за земјоделство. Тој пред шест дена бил повикан во полициска станица на информативен разговор, потврдуваат од МВР за „Скопје1“, откако вчера оваа информација беше објавена на дел од порталите.За што се однесува предметот, од МВР не откриваат. Познато е само дека Николовски бил на распит кај инспектор од Единицата за економски криминал и корупција.„Во тек се активности, по што, соодветно ќе ја инфор...