Русија го казни Телеграм со нова парична казна поради неотстранување на забранети содржини
Судот во Москва ја казни компанијата Телеграм со седум милиони рубљи, односно околу 80 илјади евра, поради тоа што не бил отстранет содржински материјал кој во Русија е означен како забранет.Одлуката ја донел Таганскиот суд, кој утврдил дека платформата сторила административен прекршок според член од рускиот закон за административни прекршоци поврзан со ограничување на пристапот до информации.Ова не е прв ваков случај, бидејќи истата платформа претходно веќе била казнета со околу 112 илјади евра...