Трагедија во Хургада: германски турист починал по каснување од кобра на хотелска претстава
Германски турист на возраст од 57 години починал во египетскиот туристички центар Хургада откако бил каснат од кобра за време на претстава со змии во луксузно одморалиште, соопштила баварската полиција.Според информациите од истрагата, змијата во текот на настапот се вовлекла под облеката на туристот и го каснала. Иако веднаш биле преземени мерки за прва помош и реанимација, мажот починал во локална болница.Неговото име не е објавено, а властите наведуваат дека тој бил на одмор со двајца членови...