ЗНМ реагира за комуникацијата со Јаневска со „ти рековме”: Прекршени се етичките стандарди во случајот со новинарот во Тетово
Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија реагираше за случајот со новинарот Невриј Адеми, оценувајќи дека начинот на комуникација на прес-конференцијата со министерката за образование и наука Весна Јаневска не соодветствува со професионалните стандарди.„Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество, но ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и...