Украинец во Риека измамил тројца пензионери со приказна за итна операција, им зел речиси 100.000 евра
Полицијата во Риека му одреди притвор на 63-годишен државјанин на Украина, осомничен дека измамил тројца постари граѓани убедувајќи ги дека на член од нивното семејство му е потребна итна и скапа операција. Откако ќе ја создадел заблудата, од нив преземал пари и накит, при што ги оштетил за речиси 100.000 евра.Од Приморско-горанска полициска управа соопштија дека против него е спроведена криминалистичка истрага поради сомнение дека сторил три кривични дела измама. Полицијата претходно преку опе...