Украина тајно лансирала ракети во вселената од авион
Високопозициониран украински пратеник изјави дека неговата земја за време на војната со Русија тајно лансирала две ракети во вселената користејќи авион како платформа, пренесува „Бизнис Инсајдер“.Федир Вениславски, член на парламентарниот поткомитет за национална безбедност, одбрана и одбранбени иновации, во интервју за украинскиот медиум РБК изјави дека овие лансирања биле изведени во периодот додека Киев активно се бори против руската инвазија. Тој наведе дека Украина од транспортен авион на в...