Пендаровски: при продлабочување на конфликтот можни мети се косово – бондстил и драч
Тој смета дека американско-израелскиот напад врз Иран ја покажал и слабоста на македонската дипломатија, која, според него, безрезервно ја поддржала американската администрација без поширока дипломатска проценка. „Тоа е поразителен факт“, нагласува поранешниот шеф на државата. Поранешниот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски, смета дека воениот напад на САД и Израел врз Иран претставува непотребна и лошо подготвена интервенција што дополнително го разнишува меѓународниот поредок...