Проданоски: Почна испораката на 9 нови комунални камиони за Прилеп
Општина Прилеп го доби првото од вкупно девет специјализирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад, во рамки на Регионалната програма за управување со цврст отпад, информираше градоначалникот Дејан Проданоски. Станува збор за специјализиран камион со капацитет од 8 кубни метри, кој е дел од новата комунална опрема што ќе ја добие општината преку Министерството за животна средина и просторно планирање. „Со оваа комунална опрема значително ќе ја зајакнеме ефикасноста на комуналните ус...