Заврши темелната реконструкција на Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик. Заврши реконструкцијата и опремувањето на сите објекти во рамки на ова државно училиште во кое се реализира образовен процес во повеќе струки – машинство; електротехника; угостителство и туризам; земјоделство, рибарство и ветеринарство; и сообраќај, транспорт и складирање. Инвестицијата е во вредност од речиси 5 милиони евра, кои се обезбедени од државниот буџет, а ќе бидат рефундирани од Европската унија.Уч...