Четири сообраќајни несреќи за еден ден: малолетничка и мотоциклисти меѓу повредените
Во текот на изминатите два дена се регистрирани повеќе сообраќајни несреќи на различни локации низ државата, во кои неколку лица се здобиле со тешки телесни повреди, а увид на сите места извршиле полициски екипи.На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20), излетало од патот и удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопа...