Проданоски: Делчев и Тошев се вечна инспирација за Македонија
Со пригодна порака по повод 4 мај, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на македонските револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев, истакнувајќи дека нивното дело и жртва се длабоко вградени во темелите на македонската државност. Проданоски потсети дека на денешен ден во 1903 година загина Гоце Делчев, симбол на револуционерната мисла и борбата за слобода, човек со визија кој верувал во светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Тој нагласи дека пораките на Де...